Следната сезона во Формула 1 ќе има рекордни 23 трки во календарот, се разбира, во зависност од развојот на настаните во случај на пандемијата на коронавирусот.
Извршниот директор Чејс Кери и првите луѓе во Формула 1 планираат да ја прошират сезоната на 24 трки, со одредена ротација на патеките. Формула 1 никогаш немала повеќе од 21 трка во една сезона, а проширувањето на календарот предизвика загриженост поради обемот на работа на членовите на тимот.



