Синоќа беа одржани првите две рунди од овогодинешниот НБА драфт.
Првиот пик го имаше екипата на Минесота Тимбервулвс, којашто го селектира деветнаесетгодишниот Ентони Едвардс од колеџот ,,Џорџија”.
Едвардс е единствениот кошаркар од овој колеџ што бил прв пик, надминувајќи го најдобриот ,,пласман” на Доминик Вилкинс од 1982, кој беше трет пик.
Вториот пик им припадна на Голден Стејт Вориорс, кои го селектираа Џејмс Вајсмен од колеџот ,,Мемфис”.
Претставникот на Илавара Хокс, ЛаМело Бол, кој е исто така брат на НБА играчите Лонзо Бол и ЛиАнџело Бол, беше трет пик на драфтот изберен од Шарлот Хорнетс.
Во првите дваесет селекции имаше двајца кошаркари со потекло од поранешна Југославија. Станува збор за осмиот и за седумнаесеттиот пик – Дени Авдија и Алексеј Покушевски.
Авдија настапува под израелско знаме, а минатата сезона ја помина во Макаби Тел Авив, пред да биде селектиран од Вашингтон Визардс.
Од друга страна, Покушевски, кој има потекло од Црна Гора, беше избран од Минесота Тимбервулвс, а досега го носеше дресот на Олимпијакос.
Во втората рунда, како четириесет и четврти пик, од страна на Чикаго Булс, беше избран Црногорецот Марко Симоновиќ. Младиот центар, досега настапуваше во АБА Лигата за Мега Баскет, како позајмен играч од Цедевита Олимпија.



