Ауди во рестилизирањето на моделот, најголемо внимание му посвети на надворешноста, иако промените не се воопшто драстични во однос на претходникот. Изменета е предната решетка која сега е поставена нешто пониско, изменети се ЛЕД светлата кои и напред и назад се во ЛЕД издание, а опционално се достапни и Matrix светла.
Во кабината нема премногу промени, освен тоа што Ауди се пофали со „виртуелниот кокпит“ кој полека станува заштитен знак на овој бренд. Кога станува збор за системите на активна безбедност, SQ2 поседува цела низа, а како додаток се најде адаптивниот темпомат.

Од Ауди соопштија дека веќе започнале да примаат нарачки за првите примероци на освежениот модел SQ2, а почетната цена на пазарот во Германија за овој автомобил изнесува 45,700 евра.



