Во рамки на Светската и Европската Самбо федерација на кое учество зема и нашата федерација со делегатот, а воедно и претседател на самбо федерацијата Ердал Фаќик и се додели на нашата држава да биде домаќин на Светско првенство за кадети во 2022 и Европско првенство за Јуниори во 2023 година во Скопје.
Директорот на АМС, Наумче Мојсовски истакна дека е сигурен во нашите организациски способности и се надева на успешна реализација на овие две првенства и дека гордо ќе биде претставена нашата држава како и градот Скопје.
Освен тоа Самбо репрезентацијата на Македонија која настапи на Светското првенство за Јуниори и Сениори во Самбо, а се одржа во Нови Сад, Србија, учество земаа шест натпреварувачи, во јуниорска и сениорска конкуренција кои постигнаа солидни резултати, односно едно 5-то и две 7-ми места.



