Врз основа на објавениот конкурс за избор на спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија, а по разгледувањето на пристигнатите апликации, Извршниот одбор на ЏФМ согласно член 40 од Статутот за работа донесе едногласна одлука за назначување на Ѓорѓија Стојанов за нов спортски директор на федерацијата.
“Сакам да се заблагодарам на претседателот на ЏФМ г-дин Владимир Трпановски и Извршниот Одбор на ЏФМ за укажаната доверба, ќе се трудам максимално за да го унапредам џудо спортот во Македонија!” – изјави Ѓорѓија Стојанов.
Тимот на www.javisejuzna.mk му го честита изборот на Ѓорѓи Стојанов и му посакува успешна работа.



