Кошаркарот на Цедевита Олимпија, Дан Душчак го постигна кошот на сезоната во рамките на најквалитетното балканско првенство АБА лига кога плејмејкерот ја прими топката и веднаш со една рака шутираше преку еден противнички играч од кош на кош и при тоа топката не допре ниту обрач, ниту табла, туку директно паѓаше во мрежичката, што го направи кошот многу атрактивен.
Инаку за Душчак ова беа и единствените поени што ги постигна на натпреварот. Дуелот од седмото коло во АБА лигата заврши со триумф на Цедевита Олимпија против Борац Чачак со резултат од 97:88.



