Во францускиот ракометен шампионат вечерва Нант со убедливи 26:35 славеше на гостувањето кај тимот на Шамбери, а повторно на паркетот блескаше нашиот Кирил Лазаров со пет постигнати гола од исто толку обиди.
Нант, до својата четврта овосезонска победа стигна без многу проблеми. Својата задача ја заврши уште во првиот дел, во кој се избори за предност од десет гола изразено во резултат од 10:20, па во вториот дел шанса добија и ракометарите од клупата, па домаќинот успеа само минимално да намали и загуби со 26:35. Сега тимот на Лазаров е на трета позиција, но има два меча помалку од првопласираниот тим на ПСЖ.



