Досегашниот тренер на Дерби Каунти и поранешниот холандски фудбалер, Филип Коку, повеќе нема да биде на кормилото на ,,Овните”.
Имено, Холанѓанецот ужасно ја започна новата Чемпионшип сезона и го пласира Дерби на последното место на табелата после единаесет одиграни кола, по што своеволно, во согласност со челниците на клубот, го прекина својот договор.
Освен Коку, Дерби ќе го напуштат и неговите помошници Крис ван дер Веерден и Тван Шиперс.
Во шеесет и пет средби во сите натпреварувања, Коку имаше само дваесет и еден триумф (32,31%) што претставува огромно разочарување за клуб што се бори за промоција во Премиер лигата.
Како наследник на Холанѓанецот, засега се шпекулира дека ќе биде Вејн Руни, кој е потпишан како тренер-играч, но ваквите гласини сè уште не се официјални.



