Аријан Адеми пред финалниот меч на гости против Грузија беше повреден, но стисна заби и заигра на терен од првата минута. Околу 67 минута почуствува силни болки и не беше во можност да продолжи. Адеми беше заменет со Стефан Спировски.
Адеми сепак покажа карактер, покажа должна почит кон државниот дрес и соиграчите и иако со болки и две инјекции примени пред натпреварот се реши да игра и даде огромен придонес на терен и историскиот успех за Македонија.



