Натпреварот помеѓу екипите на ТФТ и на Куманово 2009 во рамките од БИБЛ лигата е одложен. Причината е двата позитивни теста на гостинските кошаркари. Менаџментот на БИБЛ лигата мечот ќе го презакаже во нов термин, штом се исполнат сите услови за непречено натпреварување. На првиот натпревар одигран во Куманово, славеше домашната екипа со резултат од 90:83.



