По репрезентативните настапи интернационалците се вратија во своите клубови. Во најсилната ракометна лига, германската Бундеслига, тимот на нашиот репрезентативен пикер, Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт загубија против Ерланген на гости со резултат од 34:25 иако по првото полувреме резултатот беше нерешени 16:16.
Пешевски немаше на овој натпревар реализација, односно немаше ниту обид кон голот на противникот, па како што се прекинува неговата голгетерска форма, така и Штутгарт ја прекинува добрата серија на резултати. Штутгарт сепак котира сосема високо на петтата позиција на табелата.



