Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев со моќна порака на Инстаграм пред историското гостување во Грузија утре од 18 часот, меч од кој победникот ќе обезбеди деби на европските првенства.
113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости и понижувања. Многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонијо….. Остана уште еден чекор до остварување на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на моето семејство, на цела НАЦИЈА. Во овие тешки времиња, да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. ЕДЕН ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА ЕДЕН….. Да ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, – гласи емотивната порака на Пандев проследена со оригинално видео.




