Фудбалерите на Брегалница во натпревар од 10 коло од Втората лига – Исток, остварија рутинска победа од 3:0 над екипата на Каменица Саса. Во 17 минута резултатот беше отворен со 1:0 со голот на Дарко Додев, само пет минути подоцна веќе беше 2-0 со голот на капитенот Ристе Наумов.
Конечниот резултат на 3:0 го постави Наумче Бакрачески во 68 минута и сега тимот е лидер на табелата со 26 бода, три повеќе од Тиквеш, тим кој што го очекува својот натпревар против Плачковица.
Фото: http://www.fkbregalnica.mk/



