Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:30 часот гостува кај селекцијата на Швајцарија во Шафхаузен во вториот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2022 година.
Македонија не е фаворит според коефициентите сепак нема влијание врз целта на нашите ракометари да бидат максимални во првиот квалификациски циклус. Македонија во претходните четири средби сигурно славеше против швајцарскиот национален состав во периодот од 2012 до 2015 година.



