Роналд Куман по заминувањето на Луис Суарез во Атлетико Мадрид е во потрага по нова деветка во тимот. Како прва опција се појавува холанѓанецот Мемфис Депај но тој може да игра на сите офанзивни позиции и ако биде ангажиран ќе биде прва опција за Осман Дембеле.
Роналд Куман погледите ги фрла кон младиот 21-годишен уругваец од Бенфика Дарвин Нуњес, кој од Пењарол во 2019 година направи трансфер во Алмерија за 7 милиони, а година дена подоцна шпанците го продадоа на Бенфика за 24 милиони евра.
Оваа сезона за Бенфика Нуњес одигра осум натпревари во кои што постигна четири гола и придодаде и пет асистенции. Колку е Куман силно заинтересиран за неговите услуги зборува и фактот дека по заминувањето на Суарез Барселона се обидела да го откупи одличниот уругваец, но Бенфика била побрза во тој момент.



