Второто овосезонско московско дерби помеѓу Спартак и ЦСКА беше решено после продолжение.
Имено, ЦСКА повторно забележа триумф, откако на првиот меч победи со 4-5, но овој пат со резултат од 2-3.
Првата третина заврши без постигнати погодоци, а после втората, ЦСКА водеше со 0-1, со голот на Максим Шалунов.
Спартак направи целосен пресврт во седмата и во осмата минута од третиот период, а стрелци беа Сергеј Широков и Јори Лехтера, кои одлично ја искористија пауер-плеј ситуацијата на својот тим, по дисциплинската казна од десет минути на Михаил Науменков (ЦСКА).
Три минути подоцна, Марио Кемпе го израмни резултатот на 2-2 и го најави продолжението, каде што Шалунов, со својот втор гол на мечот, ја донесе третата последователна победа на ЦСКА.
Со овој триумф, победничкиот состав остана на првата позиција, додека Спартак е осми на Западот.



