Ракометарите на РК Струга денес од 18:30 ќе играат против РК Радовиш во 6-то коло од Суперлигата. Ова ќе биде четврти меч за стружани откако на 21 играа против Астраион во Струмица , на 23 против КЛ 7 на домашен терен, а на 25 гостуваа кај РК Охрид.
Короната направи хаос кој е тешко да го издржат и далеку побогати тимови со далеку поголем буџет и ростер но најбитно е што сепак се игра ракомет. Распоредот им се погоди на останатите екипи во групата кои одморија по еден или два меча, но не и ракометарите на Струга. Стружани пред овие натпревари имаа 25 дена карантин и само една недела за тренинг. Сепак во разговорите со нив тие ветуваат борба за бодови до последен атом од силите.




