Денес беше одржана ждрепката за главната фаза од најстарото клупско фудбалско натпреварување – англискиот ФА Куп.
Во ова извлекување спаѓаа екипите што ги поминаа квалификациските рунди (од петтиот ранг надолу) и екипите од третата и од четвртата лига.
Од наредната фаза, во главниот формат ќе влезат и тимовите од Чемпионшип и од Премиер лигата.
Денешната ждрепка донесе многу интересни дуели, а воедно и историски бидејќи повеќе екипи ќе заиграат во првата рунда за првпат во својата историја.
Како најниско рангиран тим што стигнал до овде е Скелмерсдејл Јунајтед, кој е член на деветтата лига.







