Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, одигра одличен натпревар во францускиот шампионат, но не успеа да го спаси својот тим од пораз. Лазаров во поразот на Нант од Лимож од 32:31 постигна дури десет гола и беше најефикасен играч на натпреварот. По овој пораз, Нант падна на третата позиција, а токму тимот на Лимож го презема второто место на табелата.



