Според шпанските медиуми тренерот на Барселона, холанѓанецот Роналд Куман го очекува невероватна голема суспензија од дури 12 натпревари. Менаџерот на каталонците ги критикуваше судиите на Ел Класико за погрешно толкување на ВАР-системот и донесување на одлуки штетни кон Барселона.
Ако федерацијата покрене постапка и за тоа одлучува дисциплинската комисија може да дојде до суспензија помеѓу 4 и 12 натпревари како и парична казна до три илјади евра.



