Тимот на АК Барс Казањ, денес доживеа дебакл преточен во најубедливиот пораз сезонава, откако беше декласиран од тоталниот аутсајдер, Амур Хабаровск, со 7-1.
Имено, Амур постигна три гола во првата и по два во втората и третата третина. Хет-трик за победничкиот состав запиша Михал Јордан (негов прв хет-трик во КХЛ), а по еден гол постигнаа Александер Кузњецов, Владимир Бутузов, Валентин Пјанов и Никита Камалов.
Од друга страна, единствениот гол за АК Барс беше дело на Стефан Да Коста за намалување на 3-1 во воведните минути од вториот период.
Третата победа во низа, му го донесе на Амур шестото место, додека екипата од Казањ и понатаму останува водечка на Истокот.



