Синоќа беше одигран првиот финален дуел од тековната МЛБ сезона.
Во него, како и во наредните шест потенцијални дуели, силите ги одмерија ЛА Доџерс и Тампа Беј Рејс.
Овие две екипи имаа најдобар учинок во регуларната сезона што го прави ова финале четврто во историјата во коешто играле двете најдобри селекции.
Синоќа, до вкупното водство од 1-0 стигнаа Доџерс, кои триумфираа со 8-3.
Во првите три ининзи, никој не постигна поен, а во четвртиот, во петтиот и во шестиот, Доџерс стекнаа капитална предност од 8-1.
Во седмиот ининг, Рејс, преку бази, додадоа уште два поени за поставување на конечниот резултат.
Од победничкиот состав, хоум-ран постигнаа Коди Белинџер и Муки Бетс, а кај Рејс, единствен што се запиша во листата на стрелците беше Кевин Кирмаер.
Кај Доџерс, исто така одличен беше и фрлачот Клејтон Кершоу, кој направи осум ,,страјк-аути” во шест ининзи.



