Агонијата на Дерби Каунти во новата Чемпионшип сезона продолжува и во шестото коло.
Имено, ,,Овните” го запишаа петтиот овосезонски лигашки пораз, откако денес беа надиграни од Хадерсфилд со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Жунињо Бакуња (53′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат оваа сезона.
Инаку, на денешната средба, Хадерсфилд, логично, дојде без својот најдобар голгетер од минатата година, Карлан Ахерн Грант, кој премина во ВБА и дури дебитираше за премиерлигашот изминатиот викенд.
Од друга страна, поради самоизолација, за Дерби не настапи капитенот Вејн Руни, но дебито во белиот дрес го забележа Колин Казим-Ричардс.
Со овој триумф, ,,Териерите” скокнаа на осмото место, додека Дерби е дваесет и први, со само бод повеќе во однос на клубовите од ,,црвената зона”.



