Екипата на Металург на гостувањето во Франција кај Тулуз во првото коло од групите во Лигата на Европа одигра одлично во напад, а лошо во одбрана и загуби со 33-29. Металург на полувреме губеше со 18-15.
Најдобри поединци за Металург беа крилото Поповиќ со 9 голови и голманот Дупјачанец со 8 одбрани. Рниќ постигна 7 гола, додека Тарабокија беше стрелец на 5 голови. Во Тулуз, Јакобсен со 9 гола од 9 удари беше незадржлив.



