Екипата на Трактор од Чељабинск, после четири меѓусебни порази, успеа да забележи триумф над шампионите од 2017/18, АК Барс Казањ, на гостински терен после пенали.
Победничкиот состав водеше двапати, но домаќините двапати ја анулираа предноста и го однесоа натпреварот во пенал-серијата.
После пеналите, Трактор славеше со 2-3 (1-3 на пенали).
Стрелци на головите за Трактор во регуларната игра беа Алексеј Бивалцев и Понтус Аберг. Бивалцев ја затресе мрежата на Артур Ахтјамов во првата третина, кога неговиот тим беше со играч помалку. Со овој погодок, Трактор стана водечки тим во КХЛ со најмногу ,,шорт-хендед” голови (4).
Од друга страна, за АК Барс погодија Алберт Јарулин и Камил Фазилзјанов.
На табелата, после оваа средба, Трактор е шести, а Казањ трети на Истокот.



