Во првиот полуфинален натпревар од тековната МЛБ сезона се соочија Тампа Беј Рејс и Хјустон Астрос.
До победата од 2-1 стигна првопласираниот тим во регуларната сезона, Тампа Беј, кој поведе со 1-0 во вкупната меѓусебна серија.
Актуелните вицешампиони поведоа со 0-1 во првиот ининг, кога хоум-ран забележа Хозе Алтуве.
Во четвртиот ининг, хоум-ранот на Ренди Арозарена го израмни резултатот, а еден ининг подоцна, со освојување на бази, Рејс стигнаа до водството.



