Арсен Венгер е против новото натпреварување наречено Лига на Нации. Венгер смета дека е премногу компликувано и сложено за толкување и тој вели ако некој прашате на улица да ви објасни што претставува Лига на Нации нема да знае да ви објасни, или тоа ќе бидат сосема малкумина.
Поранешниот менаџер на Арсенал смета дека треба да се укине новото натпреварување и да се впери погледот кон европските и светските првенства па тие натпреварувања да се одржуваат на секој две години, а квалификациите да се сведат во само еден месец на одигрување.



