На официјална прес-конференција репрезентативниот напаѓач Иван Тричковски во пресрет на натпреварот против Естонија на гости во рамките на третиот круг од групата Ц во Лига на нации ја даде следнава изјава:
,,Фокусот ни е насочен кон нашиот тим, иако го сметаме за многу сериозен составот на Естонија. Важно е да бидеме на високо ниво, иако доаѓаме по исклучително важниот натпревар против Косово во кој го постигнавме тоа што го сакавме. Утре е нов натпревар и се подготвуваме да го добиеме. Се надевам дека сите ќе го сфатиме максимално сериозно и ќе одиграме на наше, високо ниво” – изјави Тричковски.
Извор и фото: https://ffm.mk/



