,,Газета дело Спорт” излезе со листа најплатени фудбалери во Серија А. Секако прв и на врвот се наоѓа Кристијано Роналдо кој заработува 31 милион евра годишно, втор по примањата е неговиот соиграч Де Лихт со 8 милиони евра годишно додека третото место го заземаат играчи на Интер кој заработуваат 7.5 милиони евра по сезона, а се работи за Ромелу Лукаку и Кристиан Ериксен.
На оваа листа има и македонци, а најдопроплатен меѓу нив е Елиф Елмас со 1.5 милиони евра годишно во Наполи, втор е Илија Нестороски со 700.000 евра годишно во Удинезе и Горан Пандев зема во Џенова 500.000 евра годишно.



