Џилонг Кетс се пласираа во полуфиналето на АФЛ по вторпат во низа, откако денес ги декласираа Колингвуд Мегпајс со (15.10) 100-32 (5.2).
На полувреме, победничкиот состав водеше со неверојатни (9.6) 60-6 (1.0), а после неефикасната трета четвртина во којашто беа постигнати само три поени, предноста порасна на (9.8) 62-7 (1.1).
Колингвуд покажа релативно солидна игра во последната четвртина со дваесет и петте постигнати поени. Убедливо најквалитетен период од мечот за ,,црно-белите” беа четирите минути на половината на четвртиот дел, кога забија три последователни голови.
Најефикасен играч на мечот беше Том Хокинс од Џилонг со вкупни дваесет и пет поени (4.1). Исто така, четири голови забележа и неговиот соиграч Патрик Денџерфилд.
Кај поразениот состав, Броуди Мајочек беше најуспешен со два голови, односно со дванаесет поени.
Во полуфиналето, Џилонг ќе ги одмери силите со Бризбејн Лионс.



