Репрезентацијата на Мароко во пресрет на двата пријателски натпревари во состав го повика и напаѓачот на Севилја Мунир Ел Хадади, но ФИФА не дозволи негов настап за оваа репрезентација.
Фудбалерот на 19-годишна возраст дебитирал за Шпанија кога влегол од клупата за резерви на квалификациски меч и со тоа се поништуваат сите можности тој да заигра за нова репрезентација.
Мунир Ел Хадади е дете на Барселона и има преголема конкуренција за да добие повик за Шпанија, па му преостануваат клупските натпреварувања и докажувања на тоа поле.



