Македонскиот пикер Жарко Пешевски кој настапува во најсилната Бундеслига за тимот на Штутгарт оствари рутински триумф над екипата Есен со резултат од 31:23 на полувреме беше 18:12.
Пешевски одигра подеднакво квалитетно како во одбраната така и во нападот. Македонскиот кружен напаѓач постигна два гола, а Штутгарт по две одиграни кола има една победа и еден пораз.



