Во службените простории на Јапонската амбасада се одржа пригодна церемонија на која Џудо федерацијата на Македонија на амбасадорот на Јапонија, нејзината Екселенција Кеико Ханеда јапонскиот Амбасадор и додели Награда, почесен црн појас 1 дан. Во име на федерацијата, плакетата и црниот појас со посвета ја предадоа делегација предводена од Претседателот Владимир Трпаноски и подпретседателот Горан Антевски, кои и се заблагодарија на јапонската амбасадорка за посветеноста во развивањето и личната ангажираност во Џудо спортот во Македонија.
Амбасадорката истакна дека во изминатите години во нејзининиот ангажман секогаш го подржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин. Исто така изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на предстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период.

Потребно е во иднина да се доближи овој благороден спорт до секое дете преку негово изучување и тренинг во училиштата. Заложба е и на Меѓународната џудо федерација да се подигне во рамките кои ги заслужува овој спорт преку финансиска подршка во најмалку 10 училишта во Македонија.
Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална подршка во опрема и можност за обука на Џудоки во Јапонија.
Извор и фото: Џудо Федерација на Македонија / Judo federation of Macedonia



