Хановер предводен од Филип Кузмановски на гостувањето против Кил имаа одлична претстава, иако ,,Зебрите” триумфираа со резултат од 34:31. Значаен удел во отпорот на гостите имаше токму македонскиот репрезентативец кој што постигна четири погодоци, а пет пати успешно асистираше до соиграчите. Кузмановски покажува голем напредок и како ќе одминува сезоната тој ќе има се поважна улога во тимот.



