Европскиот шампион Баерн Минхен се одлучи на истекот на преодниот рок да се засили со двајца фудаблери. Првиот е повратник и се работи за бразилецот Даглас Коста кој ќе дојде на едногодишна позајмица. Баварците ростерот го засилија и со напаѓачот од ПСЖ, камерунецот Чупо Мотинг кој треба да биде конкуренција на Левандовски во нападот.



