Во рамките на осмо коло од Прва ЖФЛ во Струмица се одигра дербито на колото. ЖФК Тиверија ја нагости екипата на ЖФК Деспина и токму гостинската екипа дојде до голем триумф од 1:2,
Победата ја донесе Ангела Стојковска со своите два постигнати гола која е екс фудбалерка на Тиверија, а голот за домашната екипа го постигна Ања Михајлова. Иницијативата ја имаа прилепчанки, но мора да се напомене дека Тиверија настапи без неколку стандардни фудбалерки и младата екипа пружи силен отпор и го оправдаа епитетот за дерби натпревар.



