Сергеј Шевченко со личен рекорд од 2:22.49 часа е победник на Виз Ер маратонот во Скопје.
Одличен пласман оствари најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со време од 2:31.16 часа, тој пристигна втор на целта. Ивановски на тој начин стана победник на Државното првенство на Македонија во маратон. Третото место му припадна на Србинот Кристијан Тошиќ, со време од 2:39.37 часа. Зад тројцата најбрзи завршија македонските атлетичари Александар Кираџиев, Марјан Бонев, Кокан Ајановски и Сашо Богојевски.
Во женска конкуренција првото место и припадна на албанската атлетичарка, Луиза Гега, со време од 2:35.34 часа.



