Езџјан Алиоски доби шанса да биде стартер на премиерлигашкиот натпревар помеѓу неговиот Лидс Јунајтед и милионскиот тим на Манчестер Сити предводен од менаџерот Пеп Гвардиола.
Натпреварот заврши 1:1 со поделба на бодовите, а Алиоски во првиот дел имаше убава шанса со глава да го матира голот на ,,Граѓаните”, каде што помеѓу стативите беше Едерсон. Македонскиот репрезентативец го играше само првото полувреме.



