Во рамките на 7 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар ЖФК Љуботен оствари нов триумф овој пат среде Скопје против ЖФК Шкупи со резултат од 2:3.
Во ефикасен и возбудлив меч каде што домашните фудбалерки имаа предност од еден гол на полувреме, сепак новиот прволигаш не успеа да ја задржи предноста и загуби со 2:3. Заслужни за триумфот со пресврт на тетовчанки се Јулија Живиќ која беше двоен стрелец и еден гол и припадна на Мирјана Ѓеровска.



