Второ коло во Серија А и втор триумф на Наполи за максимален учинок. Овој пат до трите бода стигнаа против Џенова со резултат од 6:0. Двајцата македонски интернационалци Елмас и Пандев не беа стартери за своите тимови, иако Елиф Елмас влезе во игра во 22 минута на местото на повредениот Инсиње.
Елмас со мала мајсторија во 69 минута се ослободи од својот чувар и го постигна првенецот сезонава, а за наполитанците во тој момент водство од 5:0. Горан Пандев влезе во игра во 54 минута, но немаше можност да ги покаже своите напаѓачки квалитети.



