На легендарната патека ,,Монца” по едногодишна пауза македонскиот автомобилист, Виктор Давидовски му се врати на ТЦР трките низ Европа и веднаш го покажа сиот свој потенцијал и квалитет завршувајќи на највисокиот подиум со својата ,,Хонда Сивик”.
Поради дождливото време на тренинзите, Давидовски немаше доволно време за местење на идеалниот сет-ап, па поради тоа на квалификациите заврши на 16 место и во текот на трката напредуваше се до највисокото место на пиедесталот.



