Во АСОБАЛ лигата во Шпанија тимот на Синфин, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, загуби кај Грањолерс минимално со 30-29. Димитриевски одигра одлично и успеа да постигне осум погодоци од десет обиди.
Додека во Австрискиот шампионат Линц каде што настапува македонскиот интернационалец Никола Костески, забележа пораз во 4 коло од австрискиот шампионат од непоразениот Тирол, со 25-27 (полувреме 11-11). Десното крило Костески на овој натпревар беше втор стрелец во неговиот тим и имаше пет гола од пет обиди и една украдена топка.



