Денвер Нагетс намалија на 2-1 во полуфиналната серија против ЛА Лејкерс благодарение на синоќешниот триумф од 114-106.
Во третиот дуел, Нагетс имаа константна двоцифрена предност во втората, третата и четвртата четвртина.
Џамал Мареј беше повторно најефикасен за Нагетс со 28 поени и 12 асистенции, а освен него, дабл-дабл учинок имаше и Никола Јокиќ (22 поени и 10 скокови).
Кај Лејкерс, најдобар беше ЛеБрон Џејмс со својот 26. трипл-дабл плејоф учинок составен од 30 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Солиден стрелец за поразениот состав беше и Ентони Дејвис со 27 поени.



