Динамо Минск и Сибир Новосибирск го одиграа единствениот денешен натпревар во КХЛ, кој беше исполнет со голови.
Имено, клубот од Минск дојде до третата победа во низа, триумфирајќи денес со 5-4.
Динамо, после шеесет и три секунди игра, веќе водеше со 2-0, а на крајот на втората третина, резултатот изнесуваше 3-1.
Во третиот период паднаа пет погодоци постигнати по наизменичен редослед.
Стрелци за победничкиот состав беа: Брендон Козун, Шејн Принс (х2), Бренан Менел и Роб Клинкхамер.
Од друга страна, за Сибир прецизни беа: Јарослав Хабаров, Олег Ли, Јуусо Пуустинен и Степан Саников.



