Шесто коло во Прва МФЛ во кое што во Ѓорче Петров падна шампионот Вардар, додека на националната Арена во Скопје, тимот на Струга Трим Љум оствари нов позитивен резултат одигрувајќи реми со резултат од 1:1 против Работнички.
Победата на ѓорчепетровци им ја донесе ганскиот интернационалец Калид кој ја погоди противничката мрежа на самиот старт и во самиот финиш на првиот дел, додека ,,Црвено-црните” почесниот гол го посигнаа преку младиот Лазаревиќ.
Стружани ја продолжија низата на одлични резултати и берба на бодови за опстанок, овој пат со поделбата на бодовите против Работнички, стрелци на головите беа Тошески за домаќините и Цветаноски за гостите.



