Рединг и Лутон се засега единствените екипи со сто процентен учинок после првите две кола во англискиот Чемпионшип.
Во првото коло, Рединг го совлада Дерби Каунти со 0-2, а денес беше подобар од Барнсли со ист резултат, но на домашен терен. Стрелци на головите беа Јаку Меите (67′) и Мајкл Олис (76′), а двајца играчи на Барнсли, Михал Хелик и Мадс Андерсен, добија црвен картон.
За ситуацијата да биде поинтересна, истите противници ги имаше и Лутон во првите две кола. „Шеширџиите“ денес го добија Дерби со 2-1, благодарение на головите на Лук Бери (34′) и на Џордан Кларк (87′), а за „Овните“ стрелаше само Џек Мериот (52′). Во првото коло, Лутон победија против Барнсли со 0-1.
Освен овие две екипи, солиден ден имаше и Блекбурн, кој со „петарда“ ја наполни мрежата на дебитантот Викомб. Викомб остана со десетмина на теренот во 57. минута, кога директно исклучување доби Дериус Чарлс. Од редовите на Блекбурн, хет-трик забележа Адам Армстронг, кој сега е првопласиран на листата на стрелците, а по еден гол постигнаа Тајрис Долан и Дерик Вилијамс.
Резултати од второто коло:
Ковентри 3-2 КПР
Нотингем 0-2 Кардиф
Блекбурн 5-0 Викомб
Брентфорд 3-0 Хадерсфилд
Лутон 2-1 Дерби
Мидлсброу 1-1 Барнмут
Норвич 2-2 Престон
Рединг 2-0 Барнсли
Ротерам 0-1 Милвол
Шефилд Венздеј 0-0 Вотфорд
Свонси 0-0 Бирмингем
Стоук – Бристол Сити (недела во 15:00)



