Ст. Килда и ГВС Џајантс денес се соочија во директен дуел за плејоф во рамките на последното коло од регуларната АФЛ сезона.
ГВС, минатогодишните финалисти, останаа без плејоф поради денешниот пораз од (12.10) 82-30 (3.12).
Од друга страна, Сеинтс го изборија првото учество во плејофот после 2011, кога отпаднаа во првата рунда од Сиднеј Свонс.
ГВС ,,даваше знаци на живот” само во првото полувреме, после коешто губеше со (5.5) 35-26 (3.8).
Во вториот дел, Ст. Килда покажа доминантна игра со постигнати 47 поени (7.5) наспроти примените 4 (0.4).
Најефикасни на цел натпревар беа двата фудбалери од победничкиот состав, Џек Лоуни и Џек Стил, кои забележаа по два гола, односно по дванаесет поени.



