На вчерашниот трет еднодневен крикет натпревар помеѓу Англија и Австралија се одлучи победникот од оваа серија.
Првиот натпревар го доби Австралија со 275/9 (50) – 294/9 (50), а во вториот меч, Англија го возврати ударот со 231/9 (50) – 207/10 (48.4). Како победник на серијата, накрај излезе Австралија, откако синоќа го доби противникот со 305/7 (49.4) – 302/7 (50) во возбудлив меч.
Англичаните удираа први, но Австралијците им земаа два викети со првите две топки на средбата, а жртвите беа Џејсон Рој и Џоу Рут.
Во продолжение, на петтиот и на шестиот викет, Џони Беирстоу забележа одлични 112 поени од 126 топки. Од австралиските крикетари, повторно најдобар фрлачки учинок имаше Адам Зампа со 3-51.
Во австралискиот ининг, стотки постигнаа два играчи – Алекс Кери (106) и Глен Максвел (108). Од англиските фрлачи, најмногу се истакнаа Крис Воукс и Џоу Рут со по 2-46.



