Тампа Беј Рејс се еден од најдобрите тимови во досегашниот дел од сезоната, а сепак успеаја да загубат на домашен терен со 2-4 од Вашингтон Нешоналс – актуелните шампиони со еден од најлошите досегашни биланси.
Имено, по регуларните девет ининзи, резултатот гласеше 2-2. Тампа Беј ги постигна своите поени во првиот и во деветтиот ининг, а Вашингтон забележа два поени во шестата деветина од мечот.
Во продолжението, Нешоналс додадоа уште два поени за поставување на конечниот резултат.
На оваа средба беа постигнати три хоум-рани. За Тампа Беј, во деветтиот ининг, стрелаше Нејт Лоув, а за Вашингтон, хоум-рани забележаа Асдрубал Кабрера и Луис Гарсија.



