Далас Старс се првите овосезонски финалисти, откако ги елиминираа Вегас Голден Најтс со 4-1 во полуфиналето.
Во последниот натпревар, Далас направи голем пресврт и во продолжението избори победа од 2-3.
Најпрво, во првата третина, Чендлер Стивенсон го отвори резултатот, а во воведните петнаесет секунди на третиот период, Рајли Смит ја удвои предноста на Вегас на 2-0.
Во последните десет минути, Далас успеа да постигне два погодоци преку Џејми Бен и Јоел Кивиранта за да го однесе натпреварот во продолжение.
После само три и пол дополнителни минути, Денис Гурјанов ја искористи предноста од играч повеќе и го совлада Робин Ленер за конечни 2-3.
За Далас, ова е трета конференциска титула (прва после 1998/99 и 1999/00), а воедно и трет пласман во финалето.
Воедно, Старс се првите финалисти со негативна гол-разлика во плејофот после Ст. Луис Блус во 1968.



